Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница со дневен ред на којшто се предвидени 14 иницијативи за оценување на законитоста и уставноста за предмети што Судот ги отворил по сопствена иницијатива.
Станува збор за предмети во коишто, како што соопштуваат од Судот, се оспорени одредби од повеќе општини, а се однесуваат на автентично толкување на општините за акти кои самите ги носат.
Од Судот информираат дека судиите дополнително ќе одлучуваат за пет предлози за предмети во коишто веќе е исцрпена дискусијата.