Македонија соопштение

Ќе се огради ли ДУИ од Груби, Филипче ќе ја поздрави ли одлуката негов министер колега што е на црна листа на САД, да прашаме како е Ахмети?

Вечерва, за разлика од многу пати порано има молк од СДС и ДУИ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

А Артан Груби е на црна листа за сомнежи за криминал во истата влада и за исто време и кога Венко Филипче беше министер. Па отука прашуваме: Дали раководството на ДУИ ќе се огради од Артан Груби? Дали СДС јавно ќе ја поздрават одлуката на Стејт Депртментот, Груби да биде на црната американска листа? Уште ли сметаат од СДС и ДУИ дека напорите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата во судството е притисок врз судството? Али Ахмети како е? Уште ли ќе се прави загрижен патриот за Албанците или ќе погледне во лице на вистината дека ДУИ е високо криминализирана, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

После Мерко, сега и Груби, ДУИ има двајца актуелни функционери на црна листа на САД. Ќе го постави ли некој прашањето во ДУИ до кога вака? Или уште ќе им биде како до сега, додаваат од владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top