Македонија

Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип, истакна на денешната прес-конференција Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје.

-Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец. Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти, истакнува Кирков.

Тој вели дека сепак доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката ќе се случеше катастрофа од невидени размери.

Посочува дека здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа е пред се, и сметаат дека институциите реагираа навремено и професионално.

-Постапката со евтаназија на животните кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од регулативите во ЕАЗА, Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми. Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и хорор филмови. Доста Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите, додава Кирков.

Кирков вели дека на Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следи и одговорност!

To top