Македонија

Кирков: Хоророт во Зоо Скопје продолжува, угина млада трудна женка мајмун

Кирков: Хоророт во Зоо Скопје продолжува, угина млада трудна женка мајмун

Членот на Советот на Град Скопје, Стефан Кирков на социјалните мрежи со објава во која вели дека хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува.

-Пред некој ден почината е млада женка мајмун од врската сијаманг. Се работи за трудна женка, важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот.

Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов ( истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кој од Скопје ЗОО направија да е куќата на стравот.

– Мајмунката според моите неофицијалните мои информации е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие.

Ќе има ли крај на ова?

Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност, истакнува Кирков во објавата на социјалните мрежи.

To top