Продолжуваат сведочењата на поранешни високи членови во Левица за состојбата во партијата.
Весна Кираџиева, поранешен член на Левица и кандидат за градоначалник на Аеродором со сериозни обвинувања кон лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Таа во изјава за Канал 5 вели дека Апасиев е апсолутист кој манипулира со гласачите.
Кираџиева покажувајќи ја електронската порака што Апасиев ја пратил до Централниот комитет на партијата, потврдува дека лидерот на Левица забранува да се користи знамето од Кутлеш. Како што објаснува таа, оваа порака имала за цел да се рашири до членството на партијата, но да не стигне до јавноста.
Со оглед на претходните тужби на Апасиев до новинари, Кираџиева не ја отфрла можноста по оваа изјава и обелоденување на мајлот, и таа до добие кривична пријава.
За Кираџиева, Апасиев е диктатор и апсолутист, на кого не смее да му се спротивстави ниту еден член на партијата.
Димитар Апасиев деновиве е актуелен во јавноста по слап тужбите, до новинарите на Канал 5 телевизија а претходно ја тужеше и новинарката Мери Јордановска, за објава на СМС порака на новинарско прашање за тоа како ги трошел парите од буџетот…