Македонија избори 2024

Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти

Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот,  Росоман со 5.4 проценти

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.

Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

– Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Во Росоман се гласа на десет избирачки места.

– За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

Најнови вести од Македонија

To top