Македонија дуи, левица и сдсм сонуваат криза во владата

Касами дециден: Оваа ситуација нема да ја разниша Владата

Тој додава дека има барања за разговори со други политчки фактори и оти постои можност владиното мнозинство и да се зголеми.

Касами дециден: Оваа ситуација нема да ја разниша Владата

Нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на локалните избори да оди со свои советнички листи, вели претседателот на движењето Беса кое е дел од коалицијата ВЛЕН, Билал Касами.

Според Касами, на локалните избори за градоначалници нема да има соработка на ВЛЕН со ова крило на Алијанса за Албанците (АА).

„Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција ВЛЕН одлучивме да одиме заедно за градоначалници и за членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција“, рече денеска Касами.

Тој додава дека има барања за разговори со други политчки фактори и оти постои можност владиното мнозинство и да се зголеми.

„Од друга страна веќе има понуди и барања за разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така да ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо“, додаде Касами одговарајќи на новинарски прашања.

Вчера лидерите и високи функционери на коалицијата ВЛЕН одржаа состанок кој дојде откако претходниот ден крилото на Алијанса за Албанците на Таравари донесе одлука на локалните избори да оди со свои советнички листи, а да остане дел од коалицијата.

Лидерот на Демократско движење кое е дел од ВЛЕН, Изет Меџити вчера по состанокот рече дека одлуката на АА е донесена во интерес на ДУИ, чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере.

Најнови вести од Македонија

To top