За настанатата ситуација, пријавениот итен случај на терен, од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец.
Истовремено, од ЦУК им е даден контакт на дежурните во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од лицето кое управувало со цистерната за да можат да ја одредат точната локација каде што се наоѓа цистерната.
Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека од 14:00 часот, задолжително се користење на зимска опрема (ланци) на патниот правец Тетово-Попова Шапка.