Македонија ЈДГ „8 Март“

Камен темелник на нова градинка во Кисела Вода

Вкупната површина на детската градинка е 795 метри квадратни, а објектот опфаќа шест занимални од кои две се јасли.

Камен темелник на нова градинка во Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“. Градинката ќе има капацитет за згрижување на 120 дечиња. Со ова целосно се решава проблемот со листите за чекање во детските градинки во оваа општина.

Вкупната површина на детската градинка е 795 метри квадратни, а објектот опфаќа шест занимални од кои две се јасли. Проектот е во вредност од 29.582.242 без ДДВ, или 34.907.046 со вклучен ДДВ.

На поставувањето на камен темелникот на новата градинка предвидено е да присуствува и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој ќе даде и изјава за медиумите.

To top