Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината повремено поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.
Во следните денови ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.