Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 5 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 8 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува минимална температура од 3, а максимална до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови продолжува релативно стабилно време со променлива облачност и повремени сончеви интервали. Утринските температури ќе бидат пониски, особено во среда и четврток, кога на повеќе места ќе се спуштат под нулата, додека дневните ќе бидат во пораст и на места ќе достигнат и до 15 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер, кој повремено ќе го менува правецот, а значајни врнежи не се очекуваат.