Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе работи минимум 50% од струјата да доаѓа од базни центри на енергија. Државата не може да се потпира на фотоволтаични централи и ветро паркови кои продуцираат енергија во определен период од денот или годината, а со тоа ставајќи ја во опасност остатокот од периодот да нема доволно струја во мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-За стабилно снабдување, потребни се инвестиции во централи кои ќе продуцираат базна енергија, т.е. исто количество на струја во текот на целиот ден во текот на една година, што овозможува предвидливост и сигурност. Со таа цел ќе се работи на модернизација на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Власта на СДС и ДУИ ја става Македонија во опасност, а од граѓаните нивни луѓе за ситна корист го земаат и последниот денар за таканаречени инвестиции во соларни и ветро паркови, кои имаа капацитет кој неможе да се пушти во мрежата.
Во моментов се планирани до 8.000 мегавати фотоволтаични централи, капацитетот на мрежата не може да прими ниту 20% од произведената струја. Значи власта ги мотивирала граѓаните да ги инвестираат и последните пари, и не овозможила мрежа за пренос. Дополнително власта ја става во опасност државата, бидејќи таквите соларни централи, произведуваат енергија во определ дел од денот и во определен дел од годината, а не во текот на целата година, ниту пак во текот на целиот ден.
Власта нема стратегија, има само желба за кражба на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди поинаков пристап и сигурност за енергетска стабилност, додаваат од партијата.