Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и според многумина најнеспособен шеф на МВР со најмногу афери во мандатите очекува итна декласификација на целата документација за случајот со незаконското прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Во превод, Оливер е многу заинтересиран да дознае кој го шпионирал, паралелно со Мицкоски, Николоски, со новинарите на Курир, Република, Нетпрес и многу бизнисмени и други за власта на СДСМ неподобни личности. По социјалните мрежи коментираат дека тој е единствениот во целата група следени кој имало зошто да се следи, особено по мега аферите со пасошите за светски криминалци, Планина, испитни центри за возачка, возила за МВР и другите десетици афери во министерувањето.
– Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направил злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните – изјави Спасовски за Плусинфо.
Денеска беше откриено дека и Оливер Спасовски бил жртва на незаконското прислушување од страна на лица од АНБ во периодот 2019-2024 година. Тој не коментираше дали знаел дека бил таргет ниту дали има вистина во шпекулациите дека акцијата против него ја водел Јовче Ременски