Македонија Собрание

Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

Јаулески ги истакна криминалците кои што избегаа од државата поради неспособноста на тогашниот министер во внатрешни работи и партизираното министерство од страна на СДС. Тој напомена дека криминалците наместо да се под органите на прогон, тие биле фотографирани со министри, премиери и претседател на држава, со тогашната власт.

Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. Во однос на првото прашање, Јаулески истакна дека по преземањето на власта во 2017 година, од кланот Муртино-Зајас, се правеше груба партизација на институциите и безбедносните сили во државата.

„Дали има нови моменти во насока на расветлување на овој случај и дали македонската јавност, може да очекува докази врз база на спроведени истраги во рамките на институциите?“, праша Јаулески, во контекст на тоа дека претседателот на Владата, истакна дека во време на опозиција бил следен од безбедносните сили, наместо да се занимаваат со криминалот кој шараше низ државата.

Јаулески ги истакна криминалците кои што избегаа од државата поради неспособноста на тогашниот министер во внатрешни работи и партизираното министерство од страна на СДС. Тој напомена дека криминалците наместо да се под органите на прогон, тие биле фотографирани со министри, премиери и претседател на држава, со тогашната власт.

„Што се е пронајдено и запленето во акцијата во која се уапсија 18 лица, припадници на криминалните банди „Беланоца-Барон’’ и дали со оглед на фактот што целата македонска јавност, знаеше за овие ликови и нивната активност. а поранешната Влада не гледаше или не сакаше да види, има индиции за соработка и штитење од страна на поранешни високи функционери“, праша Јаулески.

Во однос на третото прашање, пратеникот даде вовед за Груби носеше патики од над 2000 евра, додека крадеше врз грбот на албанските граѓани и додека тие се иселуваа и поттикнуваше меѓуетнички тензии. Тој ги напомена криминалните и коруптивните скандали кои ВМРО-ДПМНЕ долго време ги зборуваше.

„Кој е Вашиот став по ова прашање и што е преземено за враќање на Груби во државата и соочување со правдата?’’, последното прашање пратеникот Јаулески го постави кон премиерот во контекст на случајот лотарија каде се сомничат Груби и Бајрами за проневера од 8 милиони евра.

Најнови вести од Македонија

To top