СДС и малиот Заев, Венко Филипче жалат што Македонија нема повеќе свиткана кичма во НАТО. Маргиналци беа СДС со нивните две средби и две штури соопштенија наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори со државници од НАТО алијансата. Фуриозна и динамична агенда на претседателот Мицкоски, поздравена и поддржана од сите. Очигледно е дека СДС и малиот Заев имаат сериозен проблем со термините. Патем за 5 дена две големи важни економски одлуки, нова инвестиција од 35 милиони евра на компанијата Вабтек и нови повеќе од 100 работни места. Обезбедена специјална економска соработка и 500 милиони евра за поддршка на македонскиот бизнис и инфраструктурниот развој на државата“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски одговарајќи на прашање на денешната прес конференција.
Тој продолжи и додаде:
„Поминаа времињата кога патувањата на Заев и неврохирургот на Заеви беа лични цели да отвораат фирми, возат мотори и да ја распродаваат Македонија. Нека се привикнува СДС на тоа што значи одговорна Влада и одговорно однесување кон народот и гласачите. Доаѓа време за нивна одговорност, тогаш ќе сфатат дека и 180,000 гласови им се премногу“, заклучи Јаревски.