Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Претседателот на Собранието на Австрија, г-дин Волфганг Соботка.
-Со Претседателот на Собранието на Австрија, г-дин Волфганг Соботка разговаравме за претстојните Претседателски и Парламентарни избори во Македонија.
Исто така, г-дин Соботка се интересираше за проблемот наметнат од Бугарија, при што го информирав за ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас е неприфатливо прифаќањето на бугарскиот диктат и дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно ќе работи на надминување на сите пречки на патот кон ЕУ и решавање на отворените прашања во духот на меѓународното право и познатите практики на реципроцитет и достоинствено решение кое ќе биде прифатливо врз основа на заемно почитување.
На тој план потребна е взаемна волја и отворена и чесна дискусија, без еднострани ултиматуми.