Македонија македонија

Јанушев: СДС има да одговара за сите криминали, во минатото Владата била користена како нивен штаб и чувале нивни промо материјали

„Сета оваа хајка против мене се прави се со една цел за да се дискредитира моето име. Зошто? Ради се она што овие 3-4 недели од кога сум на позицијата на која што сум, гледаме што се правеле од претходната власт“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Јанушев го повика МВР да влезе во Генералниот секретаријат и да се увиди што се се правело таму изминативе години.

„Еве еден повик да се влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да се провери каков се криминал е правено“, повика тој.

„Речиси две години не функционирал главниот влез во Владата. Знаете зошто? Затоа што ги оставиле скенерите неисправни и не им било гајле. Но, тоа е најмалиот проблем“, појасни Јанушев.

Јанушев приложи документ како претходната власт поправала документи. На пример документ Јавен повик за доделување на финансисика поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано. Ова е кривично дело и за тоа треба некој да одговара.

„Владата се користела како штаб на СДС“, нагласи тој и додаде дека за тоа има и докази.

Во депото на Владата се чувале промо материјали на СДС од кампањи и конгреси.

Најнови вести од Македонија

To top