Македонија изјава

Јанушев: Единствениот виновник за хаосот со личните документи се СДС и ДУИ, а јавниот обвинител се покажа дека е нивна марионета бидејќи месец дена не постапува по кривичната пријава

Јас го кажувам тоа што го мисли секој граѓанин во Македонија, а тоа е дека проблемот лежи во неспособноста на СДС и на владата која што, впрочем, и ги генерираше проблемите и тие се тие, СДС и ДУИ кои што ја создадоа паниката со личните документи, вели пратеникот и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Клик плус“ на Тв21.

Тој додаде дека во периодот на формирање на техничката влада имаше повеќе од милион и 300 илјади македонски граѓани кои што беа без пасоши, а тврдењата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ сега е на власт и треба да го реши проблемот, се приказни за мали деца.

“Јас ги разбирам СДС, свесни се за поразот и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде само за два месеци на власт. Во овој момент, за жал, државата сеуште ја води оваа криминално рекетарска банда на СДС и ДУИ и единствениот виновник за проблемот со личните документи се само и само оние кои што ја водат државата изминатите години. Во недостиг на било какви аргументи, во недостиг на било какви факти, во недостиг на било какви други бројки од тоа што имавме прилика да го видиме во изминатиот период, единствена реторика која што му останува на СДС е да зборува дека ВМРО е виновно- рече Јанушев.

Додаде дека поранешниот министер за внатрешни работи, две и пол години порачувал обрасци со старото име иако бил свесен дека валидноста на истите ќе биде до февруари месец 2024 година.

„Не може тој човек да не сноси никаква одговорност кога свесно ја донел целокупната јавност во една ситуација на манипулација. Не само што граѓаните не можат да патуваат, не само што ги направија затвореници во сопствената држава и ги ставија во притвор, туку предизвикаа и сериозна материјална штета“, истакна Јанушев.

Тој додаде дека јавното обвинителство треба да постапува и по допрен глас, посочувајќи дека кога ја поднесуваше кривичната пријава рече дека ова е сериозна проба за новиот избран јавен обвинител да покаже, дали е марионета во рацете на власта или навистина заслужува да ја извршува таа функција.

„Месец дена подоцна доаѓаме до заклучок, барем од ова до сега, дај Боже да сум грешка во моето тврдење, дека е марионета во рацете на СДС и ДУИ“, потенцираше Јанушев.

Најнови вести од Македонија

To top