Македонија Собрание

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Нема сектор што го наследивме каде не постои пад, во кој било дел од стопанството, земјоделство, градежништво, извоз,…, укажа заменик-министерот.

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата, рече денеска заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во текот на собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот.

Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.

-Наследивме 1,2 отсто економски раст, пад од 2,5 отсто на градежната активност во првиот квартал од 2024 година, многу поголем увоз на храна и пад од 21,6 отсто на извозот на стоки. Нема сектор што го наследивме каде не постои пад, во кој било дел од стопанството, земјоделство, градежништво, извоз,…, укажа заменик-министерот.

Најнови вести од Македонија

To top