Македонија АППТ

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Македонија мора да оди напред зашто,каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме, истакна Јаневски.  

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Љупчо Јаневски вчера поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Како што изјави Јаневски за МИА, оставката е поднесена од лични причини.

-Им заблагодарувам на вработените во Агенцијата и на туристичкиот сектор за соработката во изминатите пет и пол години. Мислам дека успеавме од заборавена Агенција да изградиме институција со реноме во години со голем број предизвици. Секогаш сум се залагал за професионални кадри на вистински места и тоа сум го покажувал со сопствен пример, преку мојата работа, труд и залагање. Македонија мора да оди напред зашто,каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме, истакна Јаневски.

Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top