Македонија МОН

Јаневска: Со европска помош го унапредуваме образованието на медицинските сестри и на акушерките, инвестираме во нивното задржување дома

Важен аспект на Проектот е воспоставувањето на системот за признавање на професионалните квалификации, што ќе овозможи препознатливост на стекнатите дипломи.

Јаневска: Со европска помош го унапредуваме образованието на медицинските сестри и на акушерките, инвестираме во нивното задржување дома

Проектот за унапредување на образованието за медицинските сестри и на акушерките и воспоставување на систем за признавање на професионалните квалификации ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот со кој беше означен почетокот на проектот, што е финансиран од ЕУ и се имплементира со поддршка на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, техничка помош на Канцеларијата на СЗО во Скопје и македонското
Министерство за здравство.

Здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4.700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри. Во образовниот профил гинеколошко-акушерска сестра, од прва до четврта година, има вкупно 406 ученици. Дел од нив продолжуваат на студиските програми од прв, втор и трет циклус на студии.

„Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Нашата држава треба соодветно да го цени нивниот придонес, преку конкурентни плати и можности за професионален раст и напредок, за да можеме да ги задржиме меѓу нас. Како лекар можам со сигурност да кажам дека тие се столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита“, нагласи Јаневска.

Важен аспект на Проектот е воспоставувањето на системот за признавање на професионалните квалификации, што ќе овозможи препознатливост на стекнатите дипломи.

Најнови вести од Македонија

To top