Македонија МОН

Јаневска: Образованието е заедничка општествена одговорност

ОКТА донираше фотоволтаични системи во три државни училишта.

Јаневска: Образованието е заедничка општествена одговорност

Министерството за образование и наука и другите институции и образовни установи добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Убедена сум дека така и треба да биде, затоа што образованието е заедничка општествена одговорност, грижата за иднината на нашите деца е наша заедничка мисија.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на Државното средно училиште со ресурсен центар „Наум Охридски“ во Скопје, каде со поддршка на компанијата ОКТА е поставен фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди значителни заштеди на финансиски средства во иднина.

– ОКТА е меѓу партнерите на МОН кои помагаат за унапредување на образовниот систем. Во изминатите неколку месеци инвестираше во фотоволтаични системи во неколку образовни установи, меѓу кои и три државни училишта – „Наум Охридски“ во Скопје, „Искра“ во Штип и „Кочо Рацин“ во Битола. Овие системи ќе обезбедат чиста енергија и заштеда на средства, што ќе може да се пренаменуваат за други важни потреби – за подобрување на инфраструктурата, за набавка на нагледни средства и асистивна технологија, рече Јаневска.

Министерката изрази благодарност до менаџментот на компанијата за покажаната грижа и висока општествена одговорност. Ги повика и другите компании кои имаат можности, да се вклучат во заложбите за обезбедување на подобри услови за образование.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

– Државата вложува рекордни буџетски средства во образованието – оваа година 38 милијарди денари, следната 40 милијарди. Но како земја во развој, овој процес на унапредувањето на образовниот систем мораме да го забрзаме, па затоа секој дополнителен придонес е добредојден. Особено очекуван од бизнис заедницата, рече министерката.

– Поддршката на образованието, на повеќе нивоа, е еден од стратешките столбови на општествено одговорното делување на ОКТА. Долгорочната програма за стипендирање на талентирани студенти во последните години ја надополнивме со директна поддршка и на образовните институции донирајќи фотоволтаични систем. Особено нѐ радува фактот што не само што придонесуваме кон заштеда на трошоците за енергија, туку и ја промовираме зелената енергија и концептот на одржливост меѓу учениците. Тоа нѐ мотивира и понатаму да продолжиме во истата насока. Ваквите донации на фотоволтаични системи ќе продолжат и во следниот период и ќе вклучат не само образовни туку и други јавни институции со општествено значење, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос при заедничката посетата со министерката Јаневска на Државното средно училиште со ресурсен центар „Наум Охридски“ во Скопје.

To top