„Кога се прават сериозни реформи се разбира дека за одредени нешта ќе има отпор секоја новина кога доаѓа нагло буди страв веројатно и бара напор. Суштината е луѓето да разберат што нудиме да го разберат и да го потврдат тоа како сме замислиле да ги правиме реформите. Она што го нудиме ние е веќе разработено.Скениран е теренот и поголем дел од она што ние го нудиме е апсолутно прифатливо. Битно е да не брзаме да не почнеме со било какви промени на неподготвен терен. Јас велам дека може да имаме повеќе пилот програми во 5, 10, 20 училишта и кога во првата година ќе видиме дека тоа дава резултат да продолжиме или да го укинеме ако не дава плод и ефикасност. Она што е многу важно е дека сите мора да бидат вклучени во тој процес во донесување на одлуките и промените. Не само владата, министерството или државните институции, родителите мора да бидат вклучени учениците и да го слушнеме гласот на наставникот“, кажа Весна Јаневска во емисијата аргумент плус на 24 ТВ.
Јаневска се осврна и на реакциите за давањето акредитација за Факултетот за медицина на Струшкиот Универзитет и посочи дека ревизија мора да има.
„Сега се актуализира затоа што добија дозвола од МОН. Изјавата дека ќе бидат три годишни студии за сестри дојде после бурните реакции на јавноста па и мојата реакција, инаку тоа беше акредитација за медицински науки во која не знаевме дали ќе биде за сестри доктори и тн. За жал ние сме стигнати до едно ниво каде што отворено во одредени кругови се зборува за нелегално стекнати дипломи. Ние во програмата имаме напишано дека сериозна ревизија ќе направиме прво на постоењето на толку многу универзитети, па приватни факултети тоа е навистина премногу тоа не дава квалитет, тоа дозволува манипулации и ќе мора да се направи ревизија и на постоењето на тие универзитети и на студиските програми кои се нудат во државата“, кажа Јаневска.
Јаневска посочи и дека и во програмата стои и се планира покачување на платати на наставниците и потпишување на колективниот договор.
„Да, тоа е и во програмата, но наставниците ќе мораат да се стрпат првата година за да видиме до каде сме што се случува со буџетот колку средства можат да се планираат, но факт е дека ние сме ветиле дека до крајот на мандатот ќе го потпишеме колективниот договор за образованието што е со сила на закон и кога еднаш ќе ја примаат таа плата тие веќе нема да имаат никаков проблем до тогаш ќе примаат процентуално зголемување на платата како што ќе овозможува економијата“, истакна Јаневска.