Министерката за образование и наука проф. д-р v ќе учествува на Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини кој се одржува во Лондон од 18 до 21 мај.
Оваа година форумот е посветен на прашања поврзани со развојот на инклузивни, одговорни и отпорни образовни системи кои поттикнуваат правичен и одржлив социо-економски раст. Ќе се дискутира за изнаоѓање иновативни решенија на актуелни глобални предизвици, етичка употреба на современата технологија и вештачката интелигенција, за ефективни начини на воспоставување јавно-приватни партнерства и развој на меѓународната соработка.
Министерката Јаневска ќе учествува на повеќе тематски сесии, а ќе биде и меѓу говорниците на панел дискусија за влијанието на стручното образование врз економскиот раст.