Македонија МОН

Јаневска на средба во УГД – Штип: Фокус на нови закони, квалитет и научно-истражувачка дејност

Третиот најважен дел е што оваа Влада почна да финансира научни истражувања, односно минатата година имавме повик за 45 научни истражувачки проекти, кои универзитетите и јавните институти ги добија и тие се во тек – вели Јаневска.

Јаневска на средба во УГД – Штип: Фокус на нови закони, квалитет и научно-истражувачка дејност

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, проректорот Дарко Лазаров, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и директорот на Педагошката служба во МОН, Роберт Аџипетров. Главна тема на разговорот беше донесувањето на трите нови закони – за високо образование, за квалитет во високото образование и за научноистражувачка дејност.

Министерката истакна дека целта е усогласување на значајни елементи, кои ќе придонесат за подигање на квалитетот на високото образование и улогата на универзитетите во корист на општеството преку одлична едукација на студентите.

Јаневска потенцира дека научноистражувачката дејност е меѓу врвните приоритети на Владата. Таа информира дека се зголемени платите на професорите, како и средствата за наука, со цел професорите поинтензивно се вклучат во научноистражувачката дејност и своите трудови да ги објавуваат во светски признати списанија. Посочи дека ова е мотивирачко за професорите во високообразовните институции, а во новиот закон ќе има точно прецизирани критериуми за избор.

– Тие ќе мора да ги исполнат овие критериуми за да бидат избрани во повисоко звање. Бараме од универзитетските професори да прават истражувања, не само да ги спроведат туку и да ги објават во релевантни списанија – светски признани со фактор на влијание. Третиот најважен дел е што оваа Влада почна да финансира научни истражувања, односно минатата година имавме повик за 45 научни истражувачки проекти, кои универзитетите и јавните институти ги добија и тие се во тек – вели Јаневска.

Министерката апелира во научните истражувања да бидат вклучени и студентите.

– Универзитетите малку да се реорганизираат, да спроведат формирања стартапи, хабови и, се разбира, врв на целата наша заложба е проектот што го водиме како Влада за формирање на првиот Научнотехнолошки парк во Македонија,- рече Јаневска.

мираковски ректор на угд штип

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски истакна дека на денешната средба со министерката Јаневска разговарале за подобрување на квалитетот на високото образование во насока на новите закони, кои се изготвуваат.

-Тоа е еден процес, којшто верувам е за сите многу важен, а посебно за универзитетите ќе ни овозможи навистина да ги постигниме резултатите, коишто општеството ги очекува од нас, односно да го подобриме и квалитетот на образование, но и сервисот на универзитетите кон општеството, рече Мираковски.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top