Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи конференција посветена на формалното образование за ученици кои се на подолго болничко лекување, на која ќе учествува министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Конференцијата е посветена на новото системско решение што е воведено во учебната 2025-2026 година и е резултат на соработката помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и САНО – Здружение за поддршка на децата со канцер.