Второто полугодие започнува на 20-ти јануари.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, им се обрати на учениците и вработените во училиштата.
-Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник, напиша таа.