Македонија МВР

Јанев: 55 години хеликоптерска единица на МВР, спремни за одговор на секој професионален и хуманитарен предизвик

Денес пред нас имаме на увид не само период исполнет со богато наталожено искуство на генерациите припадници на хеликоптерската единица, туку и сериозни и крајно исполнителни професионални ангажмани зад кои што стојат извонредни резултати подеднакво импресивни и по својата благородност и по својата оперативно-тактичка сложеност, рече Јанев.

Јанев: 55 години хеликоптерска единица на МВР, спремни за одговор на секој професионален и хуманитарен предизвик

Несебичното работење во делот на превенција и гаснење на пожари, учество во спасувачки мисии и во антитерористички операции, но и обезбедување на државната граница од воздух се дел од професионалните ангажмани на припадниците на хеликоптерската единица. Несомнено, единицата е стожерот на секојдневното полициско работење, која ја гарантира безбедноста, мирот и спокојот на нашите граѓани од небо, порача директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на денешната церемонија што се одржа по повод 55 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР.

Јанев напомена дека хеликоптерската единица при македонската полиција одбележува 55 години историја. Тој рече дека денес пред нас имаме на увид не само период исполнет со богато наталожено искуство на генерациите припадници на хеликоптерската единица, туку и сериозни и крајно исполнителни професионални ангажмани зад кои што стојат извонредни резултати.

-Тука е фактот дека оваа ваша и наша полициска единица за овој, сега, веќе над половина век постоење недвосмислено е интегрирана како базичен супстанцијален сегмент од севкупното полициско работење на Министерството во целина. Денес пред нас имаме на увид не само период исполнет со богато наталожено искуство на генерациите припадници на хеликоптерската единица, туку и сериозни и крајно исполнителни професионални ангажмани зад кои што стојат извонредни резултати подеднакво импресивни и по својата благородност и по својата оперативно-тактичка сложеност, рече Јанев.

Тој потсети дека пред неколку години е воведен и медикоптерот, односно познатата хеликоптерска мисија во делот што ја работат заедно со Министерството за здравство, при што даваат услуги за медицински цели.

-Не помалку важен е и фактот дека единицата, следејќи го својот развоен пат доследно и континуирано се сообразуваше со сите нужни трансформации во името на полициските стручни стандарди и вредности, специфични за организациона структура од таков вид, истакнувајќи ја на прво место способноста да одговори на секој професионален или хуманитарен предизвик. Несомнено сите вие покажавте капацитет, покажавте доблест да бидете онаму кај што треба денес да бидеме. Се адаптиравте на сите предизвици низ времето, поминавте разни структурни организациски промени, трансформации на држави, додаде Јанев.

Како што подвлече хеликоптерската единица е служба која покрај полициски задачи, врши и хуманитарни мисии, но и несебично соработува со Министерството за одбрана.

-Секако, на сите нас ни е јасна неверојатната променливост како на техничките, така и на безбедносните стандари, и дека во таквите околности посакуваните цели или бараните резултати или нивото на ефикасност постојано одат се повисоко. Но, јас сум сосема уверен дека тоа сознание уште повеќе ја зацврстува нашата заедничка решеност и волја да бидеме во тек со сите потребни организациони, образовни или технички промени, и дека единицата располага со професионален потенцијал и стручност успешно да се соочи со каков било вид на предизвик. Се разбира, во сите такви потфати што претстојат единицата ќе ја има целосната моја подршка, подршката на Министерството а во интерес на максимално остварување на сите полициски задачи и должности, рече Јанев.

Тој подвлече дека императивната обврска е единицата да го вложи своето професионално знаење во развојот и да остане кредибилен сегмент од полициското работење. -Вие сте „јастребот“ на нашето небо. Ја гарантирате безбедноста, мирот и спокојот на нашите граѓани од небо, додаде Јанев.

Началникот на Одделот за воздухопловни единици (ОВЕ), Бобан Милановски во своето обраќање денеска подвлече дека должноста на една генерација е да тежнее со стекнатото знаење и искуство да ги надмине своите претходници, но истовремено стекнатото да го предаде како непроценливо наследство на следната генерација.

-Чинам дека токму вака може да се сублимира севкупната историја на хеликоптерска единица, на нејзиното егзистирање во полицискиот систем на македонското МВР. Во рамки на историскиот богат пат, втемелни се основни принципи врз кои што денес егзистира Одделот и тоа со постојана обука на човечки ресурси, псотојана техничка надоградба и техничко материјално одржување, модернизација на опрема и средства, но и функционално етаблирање во целокупниот полициски систем на работење, рече Милановски.

Како што рече, единицата ги поврзува механизмите за меѓуинституционална и меѓународна полициски соработка, со што се отвораат нови перспективи за нивен понатамошен, подинамичен и позитивен организациски развој, кој ќе е во согласност со нови трендови и потреби во делот на полициско функционирање, но и во делот на хуманите спасувачки задачи.

-Оваа наша полициска единица веќе активно учествува во справување со општествените закани – пожарите во летниот период, и тоа благодарение на заложбите на Министерството, за техничко оспособување на единиците и за вакви специфични задачи и мисии. Нашите идни проекции и планови се насочени кон зачувување и унапредување на воздухопловниот персонал, унапредување на професионалните капацитети на вработените, во соработка со воздухопловни школски центри, но и во интезивирање на соработка со сродни полициски единици, додаде Милановски.

Најнови вести од Македонија

To top