Како кула од карти им се руши предметот „27-ми април“. Стигаат пресуди дека државата, судиите и обвинителите ГИ ПРЕКРШИЛЕ ПРАВАТА НА ОБВИНЕТИТЕ, вели Јане Ченто.
„Ова е само почетокот, финалето следи за многу брзо!
-„27-ми април“ е најголемиот монтиран процес во поновата македонска историја и тие што го монтираа МОРА ДА ОДГОВАРААТ! За многу брзо од денес, кога ќе имаме нормална извршна власт, кога ќе имаме нормална судска власт и нормални обвинители , предметот „27-ми април“ ќе ја добие ВИСТИНАТА И ПРАВДАТА бидејќи ние, нашите семејства и македонскиот народ заслужува да ја знае вистината. Да живее Република Македонија, порача Ченто.