Македонија СПМ

Извештајот на Фридом хаус ги потврди состојбите на кои опозицијата подолго време укажува за падот на државата

-Македонија заради промашените политики на власта заостанува во растот и развојот, има најнизок економски раст во регионот што не ветува иднина за подобар живот.

Извештајот на Фридом хаус ги потврди состојбите на кои опозицијата подолго време укажува за падот на државата

Лажните фалби на владите на Заев и Ковачевски за растот на стандардот и платите на граѓаните се распрснаа пред суровата реалност на бројките. Граѓаните се осиромашени и незадоволни заради високата инфлација и изразената несигурност која е секаде присутна, во сите сфери на работа и живеење. Тоа влијае на иселувањето на граѓаните кои не се задоволни од актуелната власт и во очај си одат од државата, велат од Социјалистичката партија на Македонија.

-Македонија заради промашените политики на власта заостанува во растот и развојот, има најнизок економски раст во регионот што не ветува иднина за подобар живот.

Власта на СДС и ДУИ бара да продолжи да владее со криминалот и корупцијата што е согледан и оценет негативно и од Светска банка, заедно со сите негативни прогнози кои се дадени и кои само го потврдуваат лошото владеење на оваа клептоманска гарнитура на власт.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека мора да се запрат овие негативни политики и претставници на власта и на престојните избори да бидат избрани предложените кадри од Коалицијата „Твоја Македонија“ кои единствено знаат како да ги изменат негативностите на системот за да се испорача повисок раст и развој.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Извештајот на Фридом хаус ги потврди состојбите на кои опозицијата подолго време укажува за падот на државата во однос на демократијата и слободите и правата на граѓаните.

Оценката од Извештајот за потфрлање на институциите во практикувањето на нивните надлежности упатува на лошото менаџирање, сè во интерес на кадрите на СДС и ДУИ. Власта е преокупирана со сокривање на криминалот и корупцијата, како и со можноста за спречување на одговорноста за направените злодела.

Укажувањето дека Македонија е „цикличен хибрид“ во однос на корупцијата е всушност моделот во кој власта и елитите оневозможуваат да се донесат клучни промени односно реформи во системот.

Власта на СДС и ДУИ влијаела Македонија да назадува во демократијата и со тоа се оддалечува од критериумите кои се поставени за евроинтеграцијата, односно главен кочничар на тој процес е власта.

Намалувањето на рејтингот на судската влат, назначувањето на судии и обвнители ги зацврствува перцепциите на јавноста за непотизам и привилегии во судството, што ја оддалечува државата од европскиот пат.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека власта која назадува во демократијата, во првата и слободите на граѓаните, која ја кочи државата, мора да си оди, на изборите да биде поразена и на долг рок политички делегитимирана.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top