Македонија соопштение „ни за лек“

Изморени од протестите на ССМ, СДС понеделнички се успаа

Доколку минатите денови до 10 часот наутро веќе лиферуваа по 10-на инфантилни соопштенија на најразлични луцидни теми, денеска до 10 часот ги нема никаде.

Очебијно, не е лесно да се глуми синдикалец, нели?

Можеби се уште се мамурни од кафаната по протестите на „ССМ“, СДСМ ли беше?

„Врло могуќе…“ заклучуваат сеирџиите на социјалните мрежи.

Изморени од протестите на ССМ, СДС понеделнички се успаа

Очигледно преморени од протестирање за ССМ во саботата, по што следувала обавезната лумперајка и кафана до зори, СДС денеска се успаа. Тежок мамурлук, да не бил зафрканција.

Доколку минатите денови до 10 часот наутро веќе лиферуваа по 10-на инфантилни соопштенија на најразлични луцидни теми, денеска до 10 часот ги нема никаде.

Очебијно, не е лесно да се глуми синдикалец, нели? Или, како што не им личи да бидат патриоти, работници уште помалку?

Очекуваме канонада на нови индолентни соопштенија копи-пејстирани од минатата недела како одговор, пусулчиња преполни со безвезни инсинуации, компонирани наративи и нова поплава од лажни вести.

И пак, за мигрантите.

„Следеќе“ е за „изолацијата“.

„Ондак“, за предвремени избори.

Не бадијала, лидер од и во сенка им е Барон Муртинхаузен.

 

Кој ќе настапи денеска со нов прес-зезалица, од типот „колку да ги има во јавност“?

Шмрчко го изморија со урнебесниот „октопод“, гарант е на рехабилитација. Не, не од белото кое самиот призна дека го конзумирал. Откако го фатија жив на фотографии…

Жерновски?

Богданка, гарант.

Или ќе ја менува Заев Трети (читај Венко)?

Уште Фрчко Сениор да им смисли тема…

 

 

Најнови вести од Македонија

To top