Македонија ЦУК

Изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворено

Кон полиција биле упатени 56,25 отсто, кон итната медицинска помош 34,03 отсто, а кон пожарникарите 7,64 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. 

Изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворено

Во последното деноноќие имало 31 пожар на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Согласно известувањата од регионалните центри за пријавени и изгаснати пожари на отворено, вчера биле регистрирани 12 пожари во Скопје, два во Тетово, по четири во Битола и во Штип, по еден во Струмица и во Велес и шест пожари во Куманово.

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 801 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,81 отсто, а 61,19 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 56,25 отсто, кон итната медицинска помош 34,03 отсто, а кон пожарникарите 7,64 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.  (МИА)

Поврзани теми

To top