Македонија

Измените на Законот за спорт на Комисијата за образование, наука и спорт

Измените на Законот за спорт на Комисијата за образование, наука и спорт

Во Собранието денеска ќе одржи седница на Комисијата за образование, наука и спорт, на која членовите ќе дискутираат по една единствена точка – Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка.

Според образложението објавено на собраниската веб-страна, Предлог законот за изменување на Законот има за цел обезбедување на субвенции за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.

-Сo законот за спорт се уредуваат условите и начинот на вршењето на дејноста спорт заради остварување на јавниот интерес во спортот во надлежност на Република Северна Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, стопанисувањето со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и други прашања од значење за спортот. Спортот преставува дејност која ги опфаќа сите форми на спортски активности на спортистите од сите возрасти, како и спортско – рекреативните активности на граѓаните, се вели во образложението.

Како што се посочува во образложението по предло-законот, во Законот за спортот се предвидуваат субвенции за спортките субјекти согласно кој точно ќе бидат утврдени постапката, начинот и надлежностите на спортските субјекти и органот на
државната управа надлежен за работите од областа на спортот, кои ќе бидат подобни за добивање на субвенции.

Со предложените решенија, како што се посочува, се обезбедуваат субвенции за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на меѓународно ниво.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top