Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за културата во второ читање е на дневен ред на денешните седници на Комисијата за култура и туризам и на Законодавно – правната комисија.
Членовите на Законодавно – правната комисија ќе ја разгледаат и Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите во второ читање.