Македонија

Изменет сообраќање режим на автопатот А1, делница Петровец – Катланово

Изменет сообраќање режим на автопатот А1, делница Петровец – Катланово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патот с.Извор – с.Иванчишта поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово (лево и десно коловоз), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Македонија

To top