Македонија

Изменет сообраќаен режим на автопатот во изградба Охрид-Кичево

Димоски апелира до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.

Изменет сообраќаен режим на автопатот во изградба Охрид-Кичево

СВР Охрид известува дека поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун.

-Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски апелира до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.

To top