Македонија Собрание

Изгласани повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека овој закон е дел од пакетот шест закони за имплементирање на еден од најсериозните проекти во историјата на Македонија, системот „Безбеден град“, кој почна да се имплементира пред неколку недели и практично ќе почне од 1 февруари. 

Изгласани повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“.

По Предлог законот заизменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа „за“ и десет пратениците кои припаѓаат на заедниците коишто не се во мнозинство.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, тука ја прекина оваа седница и ја отвори 67. седница на Собранието, на која, како што рече, има само една точка – Предлог на Закон за средно полициско училиште, скратена постапка.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Пратениците, претходно во рамки на 76. седница го завршија претресот по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, кој, исто така, е дел од пакетот шест законски измени за ситемот „Безбеден град“ за кој дополнително ќе се гласа.

Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ, образложи дека Законот за прекршоци, како процесен закон со кој се регулира процедурата за постапување на прекшочните органи и судовите со прекршоци опфаќа многу области, меѓу кои и областа безбедност на сообраќајот на патиштата и дека предлог измените преставуваат неопходен правен инстурмент за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата со акцент на воведување на модерни електронски системи за детекција и станкционирање на прекршоци.

-Со измените и дополнувањата се воспоставува посебна постапка за прекршоци констатирани со техничи средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50 проценти намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматски претстаник на важење на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Овие измени ќе придонесат за зголемување на ефикасноста на постапката, намалување на административните трошоци и подобрување на општата превенција, и е дел од пакетот на закони кои се неопходно за имплементација на проектот „Безбеден град“, изјави Трајанова.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека овој закон е дел од пакетот шест закони за имплементирање на еден од најсериозните проекти во историјата на Македонија, системот „Безбеден град“, кој почна да се имплементира пред неколку недели и практично ќе почне од 1 февруари.

-За овој проект да стане реалност парламентот имаше клучна улога, а тоа е носење на неколку закони од коишто, ние како пратеници кои што го поднесовме овие законски измени, меѓу кои сум и јас потпишан, одлучивме дека кога веќе ќе ги отвораме законите да пробаме да решиме и некои други долгогодишни проблеми, прво од аспект на учесниците во сообраќајот од аспект на безобѕирното и несовесно возење и второ, од аспект на нешто што многу ги мачеше граѓаните, а тоа е беа некои негативни појави во системот за полагање и добивање на возачките дозволи. Со овој закон ние даваме можност практично да биде одземено возило на оној што безобѕурно управува со него и втора работа, која што исто така е важна е да дадеме можност и го прошириме опфатот на тоа какви личности членуваат во комисијата што ги доделува возачките дозволи, но и на каков начин треба да се однесуваат со граѓаните, изјави Стојановски.

Пратениците, во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ го донесоа и Законот за концесии и јавно приватно партнерство, во скратена постапка.

Најнови вести од Македонија

To top