Македонија активни четири

Изгаснат пожарот кај Церово

Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Изгаснат пожарот кај Церово

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово а подоцна во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од ДЗС упатуваат благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои, како што поосчуваат, во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.

Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор.

Најнови вести од Македонија

To top