Македонија колумна

Ивор Мицковски: Христијан Мицкоски во дипломатска офанзива со позитивни ефекти и правилна проценка

Мицкоски заклучува дека токму ваквата стратегија е клучна за отворање на нови можности за земјата.

Ивор Мицковски: Христијан Мицкоски во дипломатска офанзива со позитивни ефекти и правилна проценка

Познатиот колумнист Ивор Мицковски во својата последна колумна објавена на „Дојче Веле“ даде висока оценка за актуелната дипломатска стратегија на премиерот Христијан Мицкоски.

Според Мицковски, оваа „нова надворешна политика“ ја покажува посветеноста на Владата во градењето партнерства со меѓународната заедница и подобрувањето на позицијата на Македонија на глобалната сцена.

Мицковски истакнува дека оваа офанзива е силен контраст во однос на претходните практики и дека Владата демонстрира „визија и сериозност“ во своите дипломатски потези.

„Македонија, по долго време, успеа да изгради дипломатска стратегија која нуди стабилност и ја враќа довербата кај меѓународните партнери,“ пишува Мицковски, нагласувајќи ја важноста на одлучноста и јасната визија за надворешната политика.

Мицковски заклучува дека токму ваквата стратегија е клучна за отворање на нови можности за земјата.

ЛИНК ДО КОЛУМНАТА 

Најнови вести од Македонија

To top