Македонија Македонија да има современа инфраструктура

Ивановски: За седум години Владата не успеа да изгради ништо во делот на инфраструктура

Се обидуваат надлежните од Владата да градат и седум години не успеаја. Соочувајќи се со својот неуспех велат е сега ќе го работиме со Бехтел и Енка. Инаку компанијата согласно договорот за автопатите значи дека можат да прават сами се. Тоа е како да земете дома мајстор и тој да ви каже што треба да правите, тој истиот ќе ви каже дали е добро или не и ќе ви наплати колку што сака тој. Тоа е едноставно кажано што ќе се случи со Бехтел и Енка и околу две милијарди евра ќе отидат таму, проценката лична ми е дека ќе одат и до три, рече Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата насловена како „Важно е Македонија да има современа инфраструктура“ која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Ивановски: За седум години Владата не успеа да изгради ништо во делот на инфраструктура

Ивановски објасни и зошто е веројатно дека ќе се зголеми и сумата.

„Тоа ќе биде за проширување Тетово-Гостивар, за Гостивар кон Кичево и тоа не е до Кичево до крај, туку до Букојчани“, рече Ивановски.

Ивановски објасни дека за Струга, Требеништа, Ќафасан кон Албанија или на осумдесетина проценти од популацијата во Македонија не им треба тој автопат.

„Има поважни автопати како Градско-Велес, Велес-Битола да се поврземе со Грција многу полесно, тоа не е во програма нивна, а има и многу други грешни политики“, кажа Ивановски.

Според него не се направени нити навремени санации на патиштата укажувајќи дека кај нас коловозните ленти уште со бојат со боја, додека во Европа има вибрациони траки кои даваат звук, има знаци кои се гледаат од километар, а не како кај нас кога ќе дојдеш до нив.

„Во 2017 година кога видоа што значи да се прави автопат дојдоа со изјава дека автопатот е погрешно направен, односно од Кичево кон Охрид даваат илузија дека скршнал на страна, потоа признаа дека не проблем, па било проблем проектирањето. Но, едно е клучно секој што сака да гради прво треба да се реши експропријација а кога ќе почне да се гради тогаш е доцна и се заглавува“, заклучи Ивановски.

Најнови вести од Македонија

To top