Македонија НАТКАСТ со Љупчо Цветановски

Ивановски: Во Националната стратегија на САД се предвидува дека ЕУ за 20 години ќе се распадне

Од страна ги гледаат работите поинаку, сите ја гледаат Европа поинаку отколку што Европа сама себе си се гледа, дециден е Ивановски.

Ивановски: Во Националната стратегија на САД се предвидува дека ЕУ за 20 години ќе се распадне

Новинарот Христо Ивановски гостива во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски кој се емитува на Youtube каналот на @Kurir.podcast.

Имено, Ивановски зборува за Националната стратегија на САД која предвидува распад на ЕУ и ѝ дава максимум 20 години на Унијата.

– Од страна ги гледаат работите поинаку, сите ја гледаат Европа поинаку отколку што Европа сама себе си се гледа, дециден е Ивановски.

Тој додаде дека на Европа им е кажано дека вака не може да функционирате, и потенцира дека тоа го има кажано и Бил Клинтон.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Не можеме со вас да имаме трговски односи како што барате, имате многу права. Тоа за Европа е модел. Европа не може да се откаже туку така од својот модел, официјален модел, има мигратски модел, социјална држава, сака да финансира такви пакети и проекти, а тоа го нема во Америка тое е сосема друг систем. Не сте ни играчи, тоа синдикатите средете ги. Не ги средија синдикатите, рече Ивановски.

Тој потенцира дека сега Европа треба да бара излез, но доцни и тоа сигурно едно триесет години.

-Сè се следува на стратегија, ставена на хартија, никогаш не спроведена, затоа што сеуште има пари. Во Европска Унија сеуште има пари, ама почнува да шкрипи, дециден е Ивановски.

Интегралниот разговор со новинарот Христо Ивановски кој е одличен познавач на глобалните текови и своевиден доајен на полето на надворешната политика проследете го во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски кој се емитува на Youtube каналот на @Kurir.podcast.

Најнови вести од Македонија

To top