Македонија светло на крајот од тунелот

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Тој изразува верување дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех.

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.

– Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите, вели Ивановски.

Тој изразува верување дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех.

Најнови вести од Македонија

To top