Резултатите од нашите активности потврдуваат дека Финансиската полиција во изминатава година и пол работи поефикасно и пофокусирано во справувањето со финансискиот криминал од претходно, изјави директорот на управата Слободан Ивановски.
Во 2025 година се спроведени 58 финансиски истраги, што претставува енормно зголемување во споредба со претходните години.
И покрај помалиот број на кривични пријави, откриената противправна корист и причинетата штета надминуваат 3 милијарди денари — рекорден износ за институцијата, вели Ивановски.