Македонија седница во собрание

Итни законски измени: Наместо до полноќ, возачките да важат до 31 декември

Законските измени се на предлог на Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов, а беа поддржани од сите пратеници присутни во салата.

Итни законски измени: Наместо до полноќ, возачките да важат до 31 декември

Собранието попладнево, во рамки на 144. седница, по итна постапка треба да ги донесе законските измени со кои, наместо 12 февруари 2024 година, крајниот рок за замена на возачките дозволи со ознака „Република Македонија“ ќе биде 31 декември 2024.

Претседателот на Собранието Јован Митрески ја закажа седницата за 16.20 часот. Претходно, законските измени треба да поминат низ собраниските работни тела.

Законските измени се на предлог на Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов, а беа поддржани од сите пратеници присутни во салата.

-Целта на измените е изнаоѓање брзо решение за проблемот со личните документи. Во интерес на граѓаните и со цел нивно ослободување од дополнителен пртисок и хаос, преку меѓусебен консензус сите координатори од партиите дојдоа до заедничко решение, на оваа седница да предложат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка. Се работи за мали измени, односно одредбата во која стои 12 февруари 2024 (денес), се менуваа со 31 декември 2024 или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение ќе овозможи намалување на долгите редици чекања. Со оглед на кратките рокови и непознаниците кај граѓаните, би апелирал до политичките субјекти во и надвор од Собраниоето, да не ја злоупотребуваат темата зашто во овој момент треба да се најде брзо решение за личните документи на граѓаните, истакна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.

Најнови вести од Македонија

To top