Македонија Министерство за одбрана

Исмаили: МО до Владата на САД доставило шест писма со барања за набавка на воена опрема

Во рамки на денешната седница на Комисијата беше изгласана Предлог-одлуката за испраќање на двајца припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан во времетраење од шест месеци, сметано од февруари до август 2025 година. 

Исмаили: МО до Владата на САД доставило шест писма со барања за набавка на воена опрема

Заменик-министерката за одбрана, Елфет Исмаили на денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност информира дека Министерството до Владата на САД доставило шест писма со барања преку кои се бара да се реализира набавка на воена опрема.

-Материјалот има за цел да ја информира Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието за потребата од набавување на воена опрема од Владата на САД преку прифаќање на писма на понуди. Фактички, Министерството за одбрана ја разгледа потребата за реформи во одбранбениот сектор. Со долгорочниот план за одбрана се трасира патот на реформите за одбрана и се нуди рамка за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија за достигнување на една целосна усогласеност со членките партнери на НАТО. За оваа цел Министерството за одбрана до Владата на САД достави шест писма со барања преку кои се бара да се реализираат набавувањето на воената опрема, рече заменик-министерката.

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски ги извести членовите на Комисијата дека материјалот од точката од дневниот ред – Информација за потребата од набавка на воена опрема од Владата на Соединетите Американски Држави преку прифаќање Писма за понуда е со ознака за ограничена употреба.

-Ова значи материјалот не е со степен на квалификација, но истиот не е дозволен за пристап и потребно е да се запази принципот – потребно е да знае согласно Законот за квалифицирани информации и Уредбата за административни работи на безбедносни квалифицирани информации и информации со ограничена употреба. Од тие причини, по излагањето на заменик-министерката за одбрана ќе ја затвориме Комисијата во тој дел и ќе продолжиме со прашања и коментари од страна на членовите на Комисијата, рече Арсоски.

Во рамки на денешната седница на Комисијата беше изгласана Предлог-одлуката за испраќање на двајца припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан во времетраење од шест месеци, сметано од февруари до август 2025 година.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top