Македонија венко ифрит што мajа му ги уништи шансите на стевчо

„Искусниот“ Филипче ја нарече Мојсова неискусна

Најголем губитник во Карпош (по Венко) е сепак, нивниот пулен Стевчо Јакимовски, кој со потегот на Маја Мојсова ја губи и полседната шанса да го добетонизира Карпош. Дали непризнавањето на мега-поразот е „искуство“ за Венко? И дали затоа потегот на Мојсова  кој цел свет би го поздравил е знак на политичко неискуство? Кој тука е неискусен и политички дилетант? 
„Неискусната“ Маја им покажа што е политика на „преискусните“ Венко и Стевчо.

Можеби е и прашање на време кога и првиот ќе се најде на американската Црна листа….

„Искусниот“ Филипче ја нарече Мојсова неискусна

Соочен со болката која на социјалдемократите им ја нанесе нивната кандидатка, која не ни влезе во вториот круг токму поради тоа што тие не и’ посветија никакво внимание во кампањата и буквално ја заборавија, а таа им врати со средба и фотографија со нејзиниот довчерашен контракандидат Сотир Лукровски, Венко Филипче ја навреди и ја нарече неискусна. Класичен пример ан машки шовинизам од првиот човек на СДСМ.

„Лидерот“ премачкан со сите бои, човек кој од советник и миленик на Никола Тодоров стана домашно милениче на Зоран Заев, премачкан со мастрафи и директни обвиненија за рекет од еминентниот „рекетар“ Боки 13, можеби е и соодветниот лик кој може да оцени кој колку е искусен во политиката? Или неговите мерила за „искуство“ не се репер. Ако чувањето на тронот на оној кој ве наместил на истиот е каков и да е „репер“…

Денеска, под товарот на резилот кој им го нанесе отфрената од нив од самит старт Мојсова, Филипче рече дека наводно бил свесен за реакциите во јавноста кои ги предизвика фотографијата на кандидатката Маја Мојсова, која не влезе во вториот круг, со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, која ја припиша на политичкото неискуство на Мојсова.

Едноставно, најголемиот губитник на овие избори, не можеше да признае дека тој и СДСМ добија силна и „солена“ шлаканица од кандидатката за која не мрднаа ниту со прст, жена која беше оставена сама на себе во кампањата и која во истата не размени ниту еден погрден збор со Лукровски, ниту тој со неа. За разлика од вокабуларот на Венко и Апасиев.

Дали непризнавањето на мега-поразот е „искуство“ за Венко? И дали затоа потегот на Мојсова  кој цел свет би го поздравил е знак на политичко неискуство? Кој тука е неискусен и политички дилетант?

Најголем губитник во Карпош (по Венко) е сепак, нивниот пулен Стевчо Јакимовски, кој со потегот на Маја Мојсовска ја губи и последната шанса да го добетонизира Карпош.

Им покажа и што е општа култура и домашно воспитување.

„Од што сме отруени со негативна енергија и препукување сите забораваат на основните цивилизациски и демократски принципи. Мала е земјата и сите се познаваме и среќаваме насекаде… Не е лошо да се потсетиме на домашно воспитување“, напиша Мојсова на ФБ.

„Неискусната“ Маја им покажа што е политика на „искусните“ Венко и Стевчо.

Можеби е и прашање на време кога и првиот ќе се најде на американската Црна листа…

To top