Во своето обраќање, заменик министерот Исени ја нагласи суштинската улога на Министерството за внатрешни работи во креирањето и имплементацијата на безбедносните политики, кои се клучен дел од Националната развојна стратегија — документ што претставува долгорочна визија за развојот на државата во следните дваесет години.
„Безбедноста е темел на секој општествен напредок. Без стабилна држава нема услови за економски развој, социјален напредок, ниту ефективно владеење на правото. Нашата институција останува целосно посветена на исполнување на стратешките приоритети и на координацијата со сите чинители во системот на безбедност“, истакна Исени.
Тој посочи дека МВР, преку своите стратешки програми и преку Стратешкиот план 2025–2027, е длабоко вклучено во исполнување на националните цели за сигурно, отпорно и праведно општество, како и во спроведувањето на реформите поврзани со европските интеграции.
Исени ја нагласи и важноста на меѓународната соработка со ЕУ, НАТО, УНДП и другите партнери, потенцирајќи дека сите активности на МВР се водат од приоритетите дефинирани во Националната развојна стратегија.
Во заклучокот, тој упати благодарност до УНДП за континуираната поддршка и додаде дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да биде активен и одговорен партнер во имплементацијата на Националната развојна стратегија.