Македонија Нетпрес

Инженерите на Левица се испокараа меѓу себе: Кој стои зад Здружението на инженери?

Близок член на семејството на Мустафоаоглу е дел од опозициската партија Левица и е член на советот на општината Ѓорче Петров од истоимената партија. Токму медиумите блиски до оваа партија ги поддржуваат ставовите на Здружението на инженери.

Инженерите на Левица се испокараа меѓу себе: Кој стои зад Здружението на инженери?

Јавни несогласувања и меѓусебни прозивања започнаа дел од членовите на неформалната група Здружение на инженери. На својот профил на социјалните мрежи, Илија Бендевски, еден од членовите на неформалното Здружение, јавно се огради од довчерашниот портпарол Денис Мустафаоглу.

Бендевски во својот пост напиша дека Мустафаоглу ја узурпира групата и неовластено настапува во нејзино име.

„Членот на нашата група, пензионираното воено лице (инаку многу активно) – Денис Мустафаоглу, подолго и систематски работи на узурпација на групата. Неовластено настапува во име на групата. Од кои причини тој самиот знае. Се известуваат медиумите дека тој не ја претставува групата. Ќе следуваат подетални информации“, напиша Бендевски.

Бендевски покрај другото додаде и дека: „Денис Мустафаоглу е воено лице кое како што кажува имал завршено Машински факултет (не му приговарам и барам докази за тоа). Од инженерство нема ни ден работно искуство“.

Токму Мустафаоглу беше еден на најактивните членови на неформалната група – Здружение на инженери, која во јавноста објавува ставови за енергетскиот сектор и упатува конкретни барања до институциите, иако дел од нивните барања веќе се опфатени во новиот Закон за енергетика што беше донесен неодамна. Дел од барањата на Здружението на инженери, кои беа изнесени во јавноста, беа нелогични, бидејќи за истите веќе постои регулатива и се применува, анализира Нетпрес.

To top