Македонија Царев дол

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Во акцијата бело користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице.

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол.

-Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила, информираа Пожарникари-Струмица.

Во акцијата бело користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице.

-По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош, додаваат од ТППЕ Струмица.

На лице место присутни беа и екипи од МВР Струмица.

Најнови вести од Македонија

To top