Македонија

Индексот на активна транспарентност покажува подобрување од 4 проценти кај Владата, министерствата и општините

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 проценти и во однос на лани е подобрена за 4 отсто, покажува Индексот на активна транспарентност за 2024 година што го изработува Центар за граѓански комуникации.

Според Индексот, активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 проценти, а на општините 79 отсто. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни.

Од владините институции, максималните 100 проценти активна транспарентност годинава ги задржало само Министерството за одбрана, кое, како што посочуваат од ЦГК, четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Додека, Владата паднала од ланското прво место и 100 проценти на 40 место со 87 отсто активна транспарентност.

Прв пат годинава, дури пет општини, Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево оствариле 100 проценти активна транспарентност.

Својата активна транспарентност ја подобриле 71 отсто од вклучените институции.

Меѓу регионите, Источниот регион ја задржал и дури ја подобрил лидерската позиција во однос на другите региони (со 88 отсто активна транспарентност), додека, Скопскиот Регион за многу малку ја избегнал последната позиција на која што се наоѓаше со години. Сега, на последно место е Североисточниот Регион (со 72 отсто активна транспарентност).

Индексот покажува дека најмалку информации министерствата објавуваат за своите надлежности (78 проценти од можни 100 отсто), а општините за финансиите (67 отсто од можни 100 процети).

Целото истражување можете да се види на следниот линк.

To top